Досега најстарата Американка и третата најстара личност во светот, Елизабет Френсис, почина на 22 октомври на 115 години и 29 дена.
Оваа Афроамериканка е родена во парохијата Св. Мери, во државата Луизијана, на 25 јули 1909 година.
Таа имала тежок живот. Нејзината мајка починала во 1920 година, по што таа и нејзините пет браќа и сестри биле испратени во различни домови.
Елизабет била испратена во Хјустон, Тексас, каде што ја одгледала нејзината тетка и живеела во соседството со нејзината постара сестра Берта Џонсон.
Нејзината сестра Берте исто така починала на поодмината возраст, во 2011 година, на 106 години.
Имала уште една сестра која доживеала 95 години. Нивниот татко починал на 88-годишна возраст.
Елизабет на возраст од 113 години
Во 1928 година, Елизабет ја родила Дороти Вилијамс, нејзиното единствено дете, и ја одгледала како самохрана мајка, а потоа, кога и двете остареле, нејзината внука станала нејзин старател.
Таа работела во црквата и го водела кафулето на KTRK-TV во Хјустон во текот на 70-тите.
Никогаш не научила да вози, па патувала со автобус или ја возеле членови на семејството.
Избегнувала пушење и често одгледувала зеленчук во својот двор, а својот долг живот го припишува на верата во Бога.
– Само му благодарам на добриот Бог што ме задржа овде. Немаше причина да ме земе, рече таа повеќе од еднаш.
Нејзината вера ѝ помогна да ги преброди тешките времиња. Секогаш ја имала Библијата со себе, вели нејзината внука.
Внуката Етел Харисон се грижела за својата баба од нејзиниот 90-ти роденден
Кога стана позната како една од најстарите луѓе во светот, медиумите и политичарите кои сакаа да се сликаат во нејзина близина ја нарекоа „Кралица Елизабета од Хјустон“.
– Ги сакаше луѓето и ги сакаше нивните посети – изјави нејзината внука и примарна старателка Етел Харисон по смртта на нејзината баба.
Таа додаде дека нејзината баба била негувателка на нејзините браќа и сестри и нејзиниот татко и секогаш се грижела за другите.
– Тоа беше дел од нејзиниот живот, вели таа.
Но, во 1999 година беше време нејзините најблиски да се грижат за неа.
Елизабет се преселила во заеднички дом со нејзината ќерка и внук кога имала 90 години.
Етел се сеќава на својата баба како жива и активна жена, дури и во нејзината старост.
Со три внуци, четири правнуци и двајца праправнуци до 112-та година учествувала во сите семејни активности.
Младата Елизабет го напуштила својот дом многу рано, ја одгледала нејзината тетка
Инаку, на својот 115 роденден, Елизабет Френсис добила писмо од Барак и Мишел Обама, кои ѝ оддадоа почит, како жена која „преживеала“ 20 американски претседатели и две светски војни.
Кога Елизабет беше запрашана претходно оваа година како се чувствува што е најстарата жива Американка, таа изјави за огранокот на CNN, KTRK:
– Едноставно ми се допаѓа да живеам секој ден.
Елизабета го сакала животот и била убедена дека тајната на долговечноста ја должи на нејзината вера во Бог
По смртта на Елизабет, најстарата жива личност во САД стана Наоми Вајтхед од Гринвил, Пенсилванија, која го прослави својот 114-ти роденден во септември.