Рецепти за смути кои се погодни за здрави диети

Сподели со своите пријатели

Кога почитуваме диететски план, важно е во менито да не недостасуваат хранливи елементи кои нѐ одржуваат енергични, здрави, сити и во добро расположение.

Loading...

Појадокот е најважниот оброк во денот. Затоа можете да ги започнувате вашите утра со чаша хранливо смути, што ќе ви обезбеди ситост, што е пријатно на вкус и помага во согорувањето на вишокот маснотии.

Како да се справите со подуениот стомак?

Забележете ги следните неколку рецепти и направете ги дел од вашата исхрана.

Смути за подобрување на метаболизмот

Започнете го денот со пијалок богат со витамини, растителни влакна и минерали кои помагаат за согорувањето на вишокот маснотии и ги забрзуваат метаболичките процеси.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет производи кои треба да ги консумираме навистина често

Во кујнски блендер ставете 2 чаши природен јогурт, 10 сирови бадеми, половина лажичка цимет, 10-15 јагодки и лажица мед. Ова хранливо смути нема да го подигне нивото на шеќерот во крвта и ќе ви даде еден енергичен почеток на денот.

Корисни и уникатни трикови со лимон, кои секој треба да ги знае

Смути со чоколадо и јагоди

За време на диета поткаснувањето на чоколадо не е забрането, но е добро да ги почитувате квантитетот, како и видот. Ви препорачуваме да јадете црно чоколадо со најмалку 70% содржина на какао. Него може да го користите и во следниот рецепт за чоколадно смути.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Која е идеалната температура во спалната соба за најздрав сон?

Потребна ви е една чаша млеко, може и бадемово или оризово, 30-40 г природно чоколадо, 10 свежи јагоди, 7-8 сурови бадеми. Пијалокот има свеж вкус, а чоколадото во него ќе ви помогне да ги зачувате доброто расположение во текот на целиот ден.

Смути со јаболка и ленено семе

Додавањето на ленено кон диетата исто така ќе помогне за побрзо и поефикасно согорување на вишокот на масти.

Причини да конзумираме кромид секој ден

Започнете го денот со чаша смити приготвено од 2 чаши свежо млеко или јогурт, а може и комбинација од двете млека, 10 сурови бадеми, 1 големо јаболко , 1 лажичка ленено семе. Пијалокот има прекрасен вкус, а лененото семе ќе ви помогне да се чувствувате сити во текот на целото утро.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет производи кои треба да ги консумираме навистина често

Смути со банана и путер од кикирики

Интересна комбинација, која ќе ви обезбеди околу 360 калории на појадок. Измешајте ½ чаша ниско калорично свежо млеко ½ чаша нискомаслен јогурт, 2 лажици путер (био) путер, банана, 1 лажичка мед, неколку коцки мраз.