Меѓународна изложба на уметничка фотографија Фото Салон Куманово 2024

Сподели со своите пријатели

Фото кино клуб “Козјак” и овој пат ги собра фотографиите на нашите и странските автори, на традииционалната меѓународна изложба на уметничка фотографија Фото Салон Куманово 2024.

Loading...

Учесниците имаа можност да се престават во неколку категории: тема слободна колор, слободна црно-бела, природа и портрет.

Бурното време во кое што живееме, потполната дигитализација и брзиот развој на технологијата им дозволува на фотографите да бидат сведоци на историјата која се одигрува пред нивните фотоапарати. Затоа Фото Кино Клуб “Козјак” и годинава традиционално ја организира најстарата меѓународната изложба во Македонија, Фото Салон 2024.

На натпреварот земаа учество 213 автори од 52 земји од целиот свет. Жирито во состав на Раша Милојевиќ (Србија), Михаел Кацафура (Словенија) и Марјан Јаневски (Македонија) на изложбата доделија 93 награди во сите четири категории од кои 92 медали и дипломи за фотографии и FIAP најдобар автор на изложбата за Милан Марковиќ од Србија.

Отворањето на изложба ќе биде на 31.10.2024, четврток во Уметничката Галерија на градот Куманово во 19:00 часот.

Се започна во 1962 година, најпрвин како клупска подоцна како меѓуклупска изложба, односно меѓурепубличка, а во последниве неколку години Фото Салон прерасна во една од најпочитуваните и најпосакуваните изложби меѓу авторите од државите ширум светот.

Покровители на изложбата се Министерство за Култура, Општина Куманово и истата е под патронат на Фото Сојуз на Македонија.

Интегрално соопштение

Loading...