Викенд прогноза за Куманово: Какво време носи последниот викенд од октомври?

Сподели со своите пријатели

Утрото денеска низ Македонија е свежо, а по одделни котлини и речни долини има услови за појава на магла.

Loading...

Преку денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност поголема во претпладневните часови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималните температури низ државата денеска ќе се движат во интервал од 17 до 23 степени целзиусови.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу четири степени, додека максималната дневна ќе достигне 20 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  77-годишна жена загина, откако во неа удрило „сузуки“ во Горно Којнаре

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево и топло време со мала облачност.  Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу четвртиот степен, а максималната дневна се очекува да достигне 20 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Во недела ќе имаме променливо облачно, но и натаму релативно топло време.

Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а температурата ќе биде во интервал од минимални пет степени во утринските часови, до максимални 21 во текот на денот.

 

 

Слично време ќе имаме и во текот на новата работна недела.

Никола Ивановски

Loading...