Путин: Хуманитарната ситуација на Блискиот Исток се влошува

Сподели со своите пријатели

Коментирајќи ја ескалацијата на насилството во тој регион на состанокот на БРИКС во Казан, Путин посочи дека хуманитарната ситуација на Блискиот Исток се влошува, дека бројот на раселени лица надмина 1,5 милиони и дека инфраструктурата – вклучувајќи станбени згради, училишта и болници – претрпе огромни штети, пренесува ТАСС.

Loading...

Тој исто така нагласи дека насилството нема да престане додека не се создаде независна држава Палестина и не се почитуваат резолуциите на ОН.

Рускиот претседател ја истакна потребата од имплементација на решение за две држави како клучен услов за враќање на мирот и стабилноста.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руска ракета погоди зграда и градинка во украински град, има мртви

Според него, повеќе од 40.000 луѓе, од кои повеќето се цивили, загинале во тековните борби во Газа.

Путин истакна дека дијалогот и соработката меѓу различните актери се клучни за постигнување мир и стабилност во регионот.

На крајот, претседателот на Русија го повтори своето противење на „терористичките активности“ и посочи дека Русија отсекогаш била против насилството и уништувањето што се случуваат во регионот на Блискиот Исток.