Макрон: Франција ќе му обезбеди на Либан пакет помош од 100 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска најави дека земјата ќе обезбеди пакет помош од сто милиони евра за поддршка на Либан.

Loading...

На меѓународната конференција во Париз, Макрон посочи дека „потребна е голема помош за либанското население“, пренесе АП.

Претставниците на француската влада и дипломатите се надеваат дека финансиските обврски на учесниците на конференцијата ќе помогнат да се соберат неопходните 426 милиони долари, кои Обединетите нации ги сметаат за неопходни за Либан.

Покрај хуманитарната помош, Париз се обидува и да помогне во обновувањето на суверенитетот на Либан и зајакнување на неговите институции.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран и Египет го поздравија примирјето меѓу Израел и Хезболах, а се огласија и Хутите

Конференцијата беше организирана во време кога критичарите велат дека дипломатскиот пристап на Макрон кон Блискиот исток е нејасен.

Макрон зазеде поостар став кон Израел во последните недели, повикувајќи на прекин на огнот во Либан и Газа.

Учесниците на конференцијата ќе разговараат и за поддршката за мировната мисија УНИФИЛ, која моментално брои 10.500 војници.

Кабинетот на Макрон потврди дека на конференцијата учествуваат министри и претставници од повеќе од 70 земји и меѓународни организации, вклучително и Европската унија и регионалните партнери.

Loading...