Први снимки од одмаздата: Вака Турците возвратија по терористичкиот напад

Сподели со своите пријатели

На социјалните мрежи кружат видеа за кои се тврди дека прикажуваат удари на турски авиони врз позициите на ПКК во Ирак и Сирија, по терористичкиот напад во Анкара во кој загинаа пет лица.

Loading...

Турското Министерство за одбрана соопшти дека авионите извршиле воздушни напади во северен Ирак и северна Сирија против „терористички цели“.

„Погодени се вкупно 32 цели“, соопшти Министерството, додавајќи дека „многу“ членови на ПКК се убиени.

Нападот се случи откако осомничените курдски милитанти кои припаѓаат на групата ПКК поставија експлозиви и отворија оган врз турската државна компанија за одбрана ТУСАС.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сириските бунтовници објавија мапа на окупираната територија

Министерството, исто така, рече дека воздушните операции „продолжуваат“.