Израел изврши воздушни напади во Дамаск и во близина на Хомс

Сподели со своите пријатели

Сириската новинска агенција Сана утринава објави дека Израел нападнал станбена зграда во областа Кафр Суса во Дамаск и воена локација во близина на Хомс на западот на земјата. Еден војник загина, а најмалку седум лица се ранети.

Loading...

„Околу 3:40 часот (02:40 часот по средноевропско време) израелскиот непријател изврши воздушен напад од сирискиот окупиран Голан и од северен Либан, насочени кон две места во населбата Кафар Сусех во Дамаск и една воена локација во близина на Хомс“,објави новинската агенција Сана, цитирајќи воен извор.

Во нападите е причинета материјална штета.

Провинцијата Хомс се приближува до Либан, каде Израел води војна против Хезболах, движење кое, како Сирија, е поддржано од Иран.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хамас: Има мртви и ранети израелски војници на северот на Појасот Газа

Агенцијата Сана не објави дали има жртви во нападот во Дамаск.

Сириската невладина Опсерваторија за човекови права извести дека има „човечки жртви“.

Откако изби граѓанската војна во Сирија во 2011 година, Израел изврши стотици воздушни напади насочени кон сириската армија и групите поддржани од Техеран, особено Хезболах, кој е распореден во Сирија за поддршка на владините сили.

Израелските власти ретко ги коментираат нападите, но рекоа дека нема да дозволат нивниот непријател Иран да го прошири своето присуство во Сирија.

Loading...

Откако либанскиот Хезболах влезе во отворен конфликт со Израел на крајот на септември, бројот на удари е зголемен, пишува France Presse.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ИДФ: Во текот на ноќта нападната фабрика за оружје на Хезболах во Бејрут