Е-цигари, лековити билки и опрема за потстрижување запленети на Табановце (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Електронски цигари, лековити билки и опрема за потстрижување и препарати за коса биле запленети од цариниците изминатата недела на Граничниот премин Табановце.

Loading...

Како што информираат од Царинската управа, запленети биле 355 електронски цигари откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на два автобуси со македонски регистарски таблички, пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

– Во првиот случај, во куфер, кој според изјавата на возачот бил испратен како пратка од Швајцарија, биле пронајдени 39 кутии со вкупно 260 електронски цигари од марките IREX, VOZOL и ELFBAR, велат од Управата.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Арачиново и Липково ќе добијат функционални градинки

 

Вредноста на електронските цигари, како што потенцираат, изнесува 90.312 денари, а избегнатите давачки се во износ од 32.7527 денари.

– Во вториот случај, во два куфери сопственост на македонски државјанин кој патувал со автобусот, биле пронајдени 95 електронски цигари марка Bang-Box dual mesh, стои во соопштението.

Loading...

 

 

Вредноста на електронските цигари, како што додаваат од ЦУ, изнесува 50.692 денари, а избегнатите давачки се во износ од 15.637 денари.

Цигарите во двата случаи се привремено задржани а против патниците ќе биде поведена прекршочна постапка.

При контрола на камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат биле откриени 10.645 килограми лековити билки RESTTHARROW ROOT RADIX ONONIDIS.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Детска претстава и концерт на Дарко Тодоровски утре во Занаетчискиот дом

– При контрола на камионот, кој бил пријавен за транзитна постапка, било забележано дека на приколката недостасува царинската пломба наведена во транзитниот царински документ, а која е пронајдена во кабината на возилото. Согласно законските прписи, привремено се задржани влекачот, приколката и стоката, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка, појаснуваат од Царинската управа.

 

Loading...

 

Изминатата недела биле запленета и опрема за потстрижување и производи за нега на коса, откриени при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

– На прашање на царинскиот службеник дали има нешто да пријави за царинска контрола, возачот одговорил негативно. Сепак била извршена детална контрола, при што на горниот кревет во кабината на возилото биле пронајдени 8 машинки за потстрижување, 6 машинки за бричење, 5 фенови, 3 електрични апарати за средување на коса, 20 престилки, 12 четки, 2 пиштило за прскање, 60 пакувања со серум за коса и 24 лосиони за после бричење, додаваат од ЦУ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец чувал елени во својата штала. Доби кривична пријава

 

 

Непријавените производи, како што стои во соопштението, се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Loading...

Вредноста на непријавените производи била проценета на 232.615 денари, а избегнатите давачки инесуваат 57.415 денари.

Никола Ивановски