Во кумановската касарна одбележан денот на Командата за операции (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Припадниците на Командата за операции (КО) денеска, со воена свеченост во касарната „Боро Менков“- Куманово го одбележаа Денот на единицата.

Loading...

 

 

Во рамки на воената свеченост, пред присутните се обрати началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски кој рече дека „Командата за операции претставува столб на нашата Армија“.

– Таа е предводник на модернизацијата, опремувањето и исполнувањето на обврските произлезени од членство во НАТО дефинирани преку целите на способности. Во изминатите четири години, Командата за операции успешно се справува со исклучително сложена и одговорна задача, а тоа е да ја организира, развие и подготви лесната пешадиска баталјонска група со цел да биде целосно оперативно подготвена до 2027година, рече во своето обраќање генерал – мајор Лифчиски.

 

Loading...

 

Началникот на Генералштабот во својот говор се осврна и на руската агресија врз Украина и истакна дека таа „не потсети дека слободата не е бесплатна, а демократските принципи и вредности на Европа доколку не се бранат, може да се изгубат“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник од Куманово затекнат при кражба, полицијата го привела

– Обединети со нашите сојузници, ја препознаваме потребата од подобрување и унапредување на одбранбените капацитети и зголемување на нашите борбени способности. Буџетот на Министерството за Одбрана постојано расте и оваа година сме една од неколкуте членки на НАТО кои издвојуваат над 2% од БДП, каде речиси 1/3 од средствата се наменети за модернизација и опремување на Армијата, рече тој.

 

 

Искуствата од војната во Украина, додаде Лифчиски, „покажуваат дека модерното војување драматично се менува и без оглед на цената, не смее да се заостанува во поглед на новите технологии“.

 

Loading...

 

Свое обраќање пред присутните имаше и командантот на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини. Тој рече дека во изминатите години во континуитет е работено на подобруваье на оперативноста и вештините на составите од областа на операциите и борбената готовност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец натепан во Скопје поради недоразбирање во сообраќајот

– Тој континуитет се должи и на растот на издвоени финансиски средства кои се вложуват во модернизациа и опремуванье на армијата. Резултатите на тој процес се веќе видливи со воведуваето на оперативната употреба на првите оклопни м/в – JLTV во ншиот состав, со што нашиот статус на подготвеност е значително зголемен и подобрен, рече Емини.

 

 

Денес, вели тој, „одвраќањето и колективната одбрана се приоритет на она за што планираме, вежбаме и се подготвуваме“.

Loading...

– Наша амбиција е да еволуираме и да се приспособуваме со цел успешно пресретнување на новите предизвици и закани. Нашите структури, нашиот концепт, нашата доктрина на возуванье и внатрешните процеси во армијата се оптимизираат со цел да се постигне максимална ефикасност во процесот на генерираьето на силите и нивното интегриранье во структурните и оперативни планови на НАТО. На национален план продолжуваме со вложуваье напори за стекнување на кохезија мегу единиците и командите и понатамошно интегриранье на националните и регионални институции со цел поефикасно пресретнуванье и справуванье со ризиците и заканите од воен карактер, посочи командантот на КО.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ќе се реконструира улицата „Моша Пијаде“, општината на средба со жителите (ФОТО)

 

 

На манифестацијата присуствуваа бројни делегации од државни институции на централно и локално ниво, претставници на дипломатски кор, како и цивилниот сектор со кој Армијата соработува.

 

Loading...

 

Одбележувањето на Денот не единицата беше збогатено со прелет со хеликоптер кој го носеше македонското знаме, но и настап на културно-уметничките друштва „Панче Пешев“ и „Бајрам Шабани“.

 

Loading...

 

Според Министерството за одбрана, за ден на Командата за операции е одреден 17 октомври, како еден од значајните историски настани врз кои се темелат традициите на Армијата, кога во 1887 година во селото Кресна е формиран штабот на Кресненското востание, што е воедно и ден кога е кренато востанието.

 

 

Loading...

Никола Ивановски