Патеките во Градскиот парк во Куманово уништени уште во изградба (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

На вандализмот во Куманово му нема крај, а доказ за тоа е најновото уништување на пешачката патека во стариот Градски парк.

Loading...

 

 

Општина Куманово во текот на изминатите денови започна со поставување нови трим патеки, но иако уште во градба несовесни граѓани веќе ги уништиле.

 

 

Loading...

Од фотографиите кои ги објави градоначалникот Максим Димитриевски може да се забележи дека луѓе преминувале преку оградениот дел, па на патеката ги оставиле своите стапки, а забележливи се и траги од мотори.

 

 

– Ќе продолжиме да градиме, ова не не обесхрабрува, туку напротив не поттикнува да им се докаже на поединци дека ова е наше заедничко добро! Ќе поправиме и ќе го завршиме целосно проектот, напиша градоначалникот Димитриевски.

 

 

Loading...

Ова не е изолиран случај, во минатото беа оштетувани клупите во парковите и градскиот кеј, како и поголем дел од новопоставената урбана опрема.

 

 

Засега никој за ништо не одговарал.

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски