На игралиштето на спортскиот комплекс Соколана во Куманово утревечер ќе се одржи традиционалниот фестивал „Арт Атак“.
Loading...
Во 18 часот ќе започне со стенд ап претставата на актерот Бојан Велевски, за да околу 19 часот продолжи со промоција на македонскиот филм „Avec L’amour“ со кино на отворено.
Манифестацијата, која е во рамките на чествувањето на празникот „11 Октомври“, е во организација на Фондацијата за култура и спорт при општина Куманово, а влезот за сите граѓани е слободен.