СЗО: Употребата на паметни телефони треба да се контролира како тутунот

Сподели со своите пријатели

Државите треба да ја регулираат употребата на дигитални уреди, како што се паметните телефони, со построга легислатива, како онаа за тутунот, поради сомневање дека тие предизвикуваат проблематично однесување кај младите што наликува на зависност, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Loading...

Како што пренесува Политико, претставничката на СЗО, Наташа Азопарди Мускат, изјавила дека ваквата регулатива е потребна за да се ограничат негативните ефекти врз менталното здравје на младите, кои се шират преку социјалните мрежи и онлајн медиумите.

„Постојат сè повеќе докази дека проблематичното однесување во игрите и социјалните медиуми е во пораст меѓу адолесцентите во Европа, а земјите треба да се инспирираат од другите сфери на јавното здравје каде што законодавството помогна да се дефинираат потенцијално опасните навики, како што е законот за тутун.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Снегот направи огромни проблеми во Германија, камиони заглавени во Франција (ВИДЕО)

Директорот за здравствена политика во земјите и системите на СЗО во Европа, Азопарди Мускат, изјави за Политико дека за борба против негативните ефекти на уредите како што е паметниот телефон, може да се преземат мерки, на пример, кои ќе вклучуваат старосни ограничувања, контролирани цени, па дури и ограничени зони какви што беа користени при воведувањето на забраната за пушење, пренесува Танјуг.