Пристигна првата реакција на врховниот лидер на Иран: „Излезете од регионот“

Сподели со своите пријатели

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска се сретна со група високи претставници во Техеран.

Loading...

Тој ги обвини „САД и некои европски земји“ кои „лажно тврдат дека носат мир и спокојство во регионот“ за регионалните тензии и војни.

Тој им порача да „излезат од регионот“ за земјите од регионот да живеат во мир.

Тој рече дека е тажен поради убиството на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, но не ја одложи средбата со високи претставници бидејќи, како што рече, „тагата на Иран е анимирачка и движечка сила“.

Наредбата за лансирање на ракетите кон Израел ја издал иранскиот врховен лидер, кој останува на безбедно место, изјави висок ирански функционер за новинската агенција Ројтерс.