Убиен лидерот на Хамас во Либан, Фатах Шариф Абу ал-Амин

Сподели со своите пријатели

Палестински Хамас денеска соопшти дека лидерот на тоа движење во Либан е убиен во напад на југот на земјата, каде што израелската армија спроведува операции против либанскиот Хезболах.

Loading...

„Фатах Шариф Абу ал-Амин, лидерот на Хамас во Либан и член на раководството на движењето во странство, е убиен во напад на неговата куќа во кампот Ал Бас во јужен Либан“, се вели во соопштението на Хамас.

Официјалната либанска новинска агенција АНИ објави воздушен напад врз кампот во близина на градот Тир, на југот на земјата.

Либанското проиранско движење Хезболах, кое е цел на израелски напади, го поддржува Хамас во неговата војна против Израел во Појасот Газа