Во кружната сала на зградата на поранешни општествено – политички организации дебесја со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи четириесет и четвртата седница на Совет на општина Куманово.
Целосниот дневен ред ви го пренесуваме во продолжение:
На 30 септември 2024 година (понеделник), во кружната сала на зградата на поранешни општествено – политички организации со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи четириесет и четвртата седница на Совет на општина Куманово по следниот
Дневен ред
1. Предлог – Одлука за констатирање престанок на мандат на член на Советот на општина Куманово;
2. Информација за превземени мерки и активности од страна на Полициска станица од општа надлежност Куманово во текот на првото полугодие од 2024 година;
3. Годишен извештај за работа на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово за учебната 2023/2024 година;
4. Годишна програма за работа на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово за учебната 2024/2025 година;
5. Програма за изменување и дополнување на Годишната програма за работа на ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово за учебната 2024/2025 година;
6. Програма за изменување и дополнување на Годишната програма за работа на СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово за учебната 2024/2025 година;
7. Предлог – Одлука за давање на согласност за формирање на паралелки во прва година со под 25 ученици во општинските средни училишта во учебната 2024/2025 година;
8. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на општина Куманово за 2024 година;
9. Предлог–Одлука за утврдување потребa од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 3444/2 и 3445, КО Романовце надвор од градот – општина Куманово;
10. Предлог – Одлука за утврдување потребa од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 3424/1, КО Романовце – општина Куманово;
11. Предлог – Одлука за утврдување потребa од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 352/15, КО Речица – Општина Куманово;
12. Предлог – Одлука за утврдување потребa од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 2393, КО Винце – општина Куманово;
13. Предлог – Одлука за утврдување потребa од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 1155, КО Студена Бара – општина Куманово;
14. Предлог – Одлука за утврдување потребa од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 1644, КО Клечовце – општина Куманово;
15. Предлог – Одлука за утврдување потребa од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 1523/1, КО Горно Коњаре – општина Куманово;
16. Предлог – Одлука за утврдување потребa од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 676/4, КО Биљановце надвор од градот– општина Куманово;
17. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од буџетот на општина Куманово за 2024 година;
18. Предлог – Одлука за разрешување на член на Управниот одбор на Заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад “ЕКО ИСТОК – СЕВЕРОИСТОК” Свети Николе;
19. Предлог – Одлука за разрешување и именување на член на Локалниот економско-социјален совет на општина Куманово;
20. Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од општина Куманово за член на Училишниот одбор во СОУ „Перо Наков” – Куманово;
21. Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од општина Куманово за член на Училишниот одбор во ООУ „Бајрам Шабани” – Куманово;
22. Предлог – Одлука за именување на членови на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на општина Куманово.