Отворен фестивалот „Денови на комедија“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вчеравечер беше отворено 27. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.

Loading...

 

 

На свеченоста првин му беше врачена наградата „Васил Иљоски“ на актерот лауреат Сашко Коцев, наградата која се доделува за особен придонес во театарската деојност, со акцент на комедијата.

 

 

Loading...

 

 

Освен Коцев, свое обраќање пред присутните имаше и градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, кој го прогласи фестивалот за отворен.

 

 

Потоа публиката имаше можност да ја проследи првата претстава „Вечера за глупаци“ од велешкиот театар.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Одржан Локалниот совет за превенција во Општина Куманово

 

 

Вечерва продолжува репертоарот со Театар Охрид и претставата „Секс, лаги и љубомора“.

 

 

Фестивалот официјално ќе трае до 9ти октомври и ќе бидат играни вкупно 11 театарски претстави.

Loading...

 

Никола Ивановски