Ватикан сака искоренување на нуклеарното оружје: „Мораме да гарантираме сигурна иднина“

Сподели со своите пријатели

Стремежот за општ мир е целта, а тоа подразбира општо разоружување и особено елиминација на нуклеарното оружје, изјави Пјетро Паролин, државен секретар на Ватикан, во пресрет на 79-то заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Loading...

Истовремено, Паролин изјави дека целиот свет е зафатен од опасна криза и дека е време да се одбрани човечкото достоинство.

„Мораме да гарантираме сигурна иднина во која сите луѓе ќе можат да уживаат во развојот, како поединци и како заедници. Само во овој момент не смееме да затвораме очи пред трагедиите со кои се соочува човештвото“, нагласи Паролин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Студенти во Германија: За соба во Минхен во просек 800 евра

Ужасите на војната кои во моментов одекнуваат на Блискиот Исток и Украина не беа единствените во центарот на говорот на државниот секретар на Ватикан, кој, дополнително, додаде дека меѓународната заедница треба дополнително да ги зајакне сите свои активности за искоренување сиромаштијата во светот.

„За мирна и просперитетна иднина потребна е политичка волја да се искористат сите средства кои би воделе до одржлив развој“, беа зборовите на Паролина во седиштето на Обединетите нации.