Ураган го погоди јужниот брег на Мексико

Сподели со своите пријатели

Ураганот Џон, придружен со силен ветер и обилни врнежи од дожд, го погоди јужниот пацифички брег на Мексико.

Loading...

Оваа временска бура се засили од тропска бура во ураган за само неколку часа, а брзото засилување на бурата ги изненади властите кои се обидуваа навреме да ги ажурираат советите до населението, пренесува АП.

Невремето го зафати крајбрежниот појас на јужно Мексико како ураган од трета категорија, заканувајќи се на туристичкиот центар на државата Оахака со максимални ветрови до 120 километри на час.

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор и властите ги повикаа граѓаните да бараат засолниште.

„Барајте повисоко, заштитете се и не заборавајте дека животот е најважен – материјалните работи можат да се заменат. Ние сме со вас“, напиша Обрадор на социјалната мрежа X.

Ураганот најверојатно ќе ги загрози блиските туристички центри Акапулко и Пуерто Ескондидо пред да ослабне додека се движи кон внатрешноста, според АП.