Поплави носеа автомобили во Кан (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Обилни врнежи вчераутро го поплавија Кан, град на француската ривиера познат по филмскиот фестивал.

Loading...

Огромни порои се спуштаа по патиштата, носејќи возила зад себе.

Никој не беше повреден, за разлика од катастрофалните поплави во југоисточниот дел на Франција пред девет години кога загинаа 19 лица, а десетици илјади останаа без струја.

 

 

Формиран кризен штаб

Ситуацијата се стабилизираше во текот на вчерашниот ден, а невремето продолжи да се движи кон исток, соопшти портпаролот на градското собрание.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ердоган ги повика САД да ги укинат санкциите против неговата земја

Градоначалникот Дејвид Лиснард изјави за BFM TV дека ќе побара објаснување од другите власти бидејќи градот го добил предупредувањето само еден час по почетокот на бурата.

Loading...

Тој потврди дека многу брзо е формиран кризен штаб и дека итните служби ја санирале штетата на терен, пренесува Ројтерс.

Поплавите предизвикаа големи проблеми низ Европа во последните недели. Најмалку 17 лица загинаа во Романија, Полска, Чешка и Австрија во најтешките поплави што ја погодија централна Европа во последните две децении.