Мотоциклист тешко повреден на патот кон ГП Белановце

Сподели со своите пријатели

Дваесетгодишен мотоциклист бил тешко повреден на патот Слупчане – Граничен премин Белановце, откаоко се судрил со „шкода“ и „голф“.

Loading...

– На 18.09.2024 во 22.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат с.Слупчане, липковско – Граничен премин Белановце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хонда“ без регистарски ознаки, управуван од Р.А.(20) од село Слупчане, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.М.(46) од село Липково и патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Р.(40) од село Слупчане, информираат од Министерството за внатрешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Општините имаат деценстрализација на власт, но не и на парите (ВИДЕО)

Во несреќата, како што додаваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница Куманово.

Извршен бил увид од увид екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски