Силен земјотрес во Индонезија: Има загинати, над 80 повредени, стотици евакуирани

Сподели со своите пријатели

Во земјотресот со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Западна Јава во Индонезија, едно лице загина, а најмалку 82 се повредени, јави агенцијата ВНА.

Loading...

Епицентарот на земјотресот бил на 24 километри југоисточно од провинцијата Бандунг и на длабочина од 10 километри.

Најпогодено е подрачјето на Бандунг, каде се повредени 81 лице, а по него е Гарут.

Според првите проценки, оштетени се околу 700 куќи.

Оштетени се и речиси 100 здравствени, образовни, верски и јавни објекти, вклучително и пазари.

Поради земјотресот евакуирани се 450 лица.