Кинески носач на авиони за прв пат влезе во јапонските води

Сподели со своите пријатели

Кинески носач на авиони утрово првпат привремено влезе во јапонските води, јави јапонската јавна телевизија NHK.

Loading...

Носачот пловел меѓу јужните јапонски острови Јонагуни и Ириомот, објави NHK, навлегувајќи во област која се протега до 24 наутички милји од нејзиниот брег каде Јапонија може да врши контрола, објави Ројтерс.

Јапонија поднесе протест до Кина минатиот месец откако еден од нејзините бродови навлезе во јапонските води, а во јули разурнувач на јапонската морнарица влезе во кинеските територијални води во близина на кинескиот регион Тајван, објавија тогаш јапонските медиуми.

Јапонија е загрижена поради, како што вели, зголемувањето на кинеската воена активност во нејзина близина, на што Токио одговори со зајакнување на одбраната, што според неа има за цел да го одврати Пекинг од употреба на воена сила за да ги продолжи своите територијални претензии во регионот. јавува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поплави на северот на Италија: „Ситуацијата е многу драматична“ (ВИДЕО)