Годишната стапка на инфлација во Велика Британија во август изнесуваше 2,2 отсто, исто како и во јули и во согласност со очекувањата на пазарот, објави денеска британската канцеларија за национална статистика (ONS).
Инфлацијата во услужниот сектор порасна за 5,6 отсто на годишно ниво, а цените на стоките паднаа за 0,9 отсто.
Во август, инфлацијата остана стабилна бидејќи различните промени на цените се неутрализираат меѓусебно, рече главниот економист на ONS, Грант Фицнер.
Според него, цените на авио билетите се значително поскапени, особено кон европските дестинации, а пад на бензините и дизелот, а цените на услугите во рестораните во хотелите се зголемени за 4,3 отсто на годишно ниво. со побавно темпо во однос на јулските 4,9 отсто, пренесува Танјуг.
Цените на храната во Велика Британија се зголемија за 1,3 отсто на годишно ниво, забавувајќи се во однос на годишниот раст во јули од 1,5 отсто.
На месечна основа, британската инфлација во август порасна за 0,3 отсто.
Годишната стапка на базичната инфлација во Велика Британија порасна од 3,3 отсто во јули на 3,6 отсто во август, што е загрижувачки сигнал, пишува Гардијан.
Банката на Англија утре ќе објави одлука за каматните стапки, а по овој извештај веројатноста каматните стапки да бидат намалени се намалува, наведува британскиот весник.