Неколку лица се повредени кога ученик со чекан нападнал наставници и други ученици во Челјабинск, Русија, изјави гувернерот на областа Урал, Алексеј Текслер.
Loading...
„Ученик од 68. училиште во Челјабинск нападна соученици и наставници и повреди неколку лица. Повредените се хоспитализирани“, напиша Текслер на „Телеграм“.
Тој нагласи дека лично ја презел контролата врз ситуацијата, пренесе ТАСС.
Текслер додаде дека истрагата е во тек и дека гувернерката на Челјабинск Наталија Котова и детскиот правобранител Евгенија Мајорова се во училиштето.