Ракел Мусолини, внуката на поранешниот италијански диктатор Бенито Мусолини, денеска изјави дека ја напушта партијата „Браќа на Италија“ на премиерот Џорџа Мелони, бидејќи е „предесничарска“ и дека ќе премине во партијата „Напред Италија“.
„Време е да ја свртиме другата страница и да се приклучам на партија за која сметам дека е поблиска до моите ставови“, изјави Мусолини (50) за Анса.
Партијата „Браќата на Италија“ потекнува од италијанското социјално движење (МСИ) основано од поддржувачите на Мусолини по Втората светска војна.
Откако ја презеде функцијата во 2022 година, Мелони се обидува да ја претстави партијата како центристичка конзервативна група.
Напред Италија, дел од владејачката коалиција, се претставува како партија која ги брани традиционалните христијански вредности, но се смета за полиберална за граѓанските права.
Извор за Ројтерс изјави дека прашањата за правата одиграле клучна улога во одлуката на Мусолини да ја смени партијата.