Три лица физички се пресметувале во кумановската населба Јане Сандански, односно Бабин Дол, при што го нарушиле јавниот ред и мир.
Loading...
– На 07.09.2024 во 19.48 часот во СВР Куманово, било пријавено дека во населбата Бабин Дол во Куманово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.К.(38) од Куманово од една страна и И.И.(40) и Б.И., двајцата од село Биљановце, кумановско од друга страна, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Никола Ивановски