Европските и американските берзански индекси денеска беа измешани, додека цената на златото повторно се искачи над 2.500 долари за унца.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:20 часот порасна на 18.613,45 поени, московскиот MOEX на 2.622,65 поени, додека британскиот FTSE 100 падна на 8.257,50 поени, а францускиот CAC 40 на 7.481,3 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 40.974,97 поени пред денешното отворање на берзата во САД, додека индексот S&P 500 падна на 5.520,07 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 17.084,30 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта порасна на 69.604 долари, а на нафтата од типот брент на 73.065 долари.
Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 35.830 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2.505,72 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,6166 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,10827, што е приближно исто како и во средата.