Сорокин: Светската побарувачка за ЛНГ ќе се зголеми до 600 милиони тони до 2030 година

Сподели со своите пријатели

Глобалната побарувачка за течен природен гас (ЛНГ) ќе порасне од сегашните малку повеќе од 400 милиони тони на 580 до 600 милиони тони до 2030 година, изјави првиот заменик-министер за енергетика на Русија Павел Сорокин на Источниот економски форум во Владивосток.

Loading...

Според него, светската побарувачка за ЛНГ ќе достигне 700 милиони тони во следните 20 години, пренесува ТАСС.

Источниот економски форум годинава се одржува од 3 до 6 септември, а овојпат главна тема на состанокот е „Далечниот исток 2030. Комбинирање на силите за создавање нов потенцијал“.

Форумот е поделен на седум тематски блокови наречени „Нови контури на меѓународна соработка“, „Технологии за обезбедување независност“, „Систем на финансиски вредности“, „Руски далечен исток“, „Луѓе, образование и патриотизам“, „Транспорт и логистика: Нови рути“ и „Мастер планови: од архитектура до економија“.