Три лица загинаа во лизгање на земјиште во северозападна Кина

Сподели со своите пријатели

Три лица загинаа, а едно е повредено откако куќа се урна поради лизгање на земјиште во северозападната кинеска провинција Чингхаи, соопштија денеска локалните власти.

Loading...

Свлечиштето започна околу 4:00 часот по локално време во Минхе Хуи, а повредените се пренесени во болница, соопшти окружното биро за итни случаи.

Спасувачките операции се уште се во тек, јави кинеската новинска агенција Ксинхуа, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Две деца загинаа во експлозија во куќа, поранешно упориште на пакистанските талибанци