Нови жртви на тајфунот во Јапонија: Најмалку шест загинати, над 100 повредени

Сподели со своите пријатели

Најмалку шест лица загинаа, едно се води како исчезнато, а повеќе од 100 се повредени во тајфунот Шаншан во Јапонија.

Loading...

Тајфунот денеска се движи подалеку кон истокот на земјата, носејќи обилни дождови кои предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави, јавија јапонските медиуми.

Снимката од јапонскиот јавен сервис NHK покажува поплавени куќи и патишта во југозападниот дел на земјата.

Тајфун го погоди јапонскиот остров Кјушу во четвртокот, носејќи рекордни врнежи од дожд и оставајќи повеќе од 35.000 домови без струја во јужната префектура Кагошима на островот.

Метеоролозите прогнозираат дека тајфунот ќе ослабне во текот на викендот, но сепак ќе донесе обилни врнежи, пренесува Ројтерс.