Жителите на Јапонија денеска беа повикани да бидат внимателни бидејќи тајфунот Шаншан, во кој загинаа четворица, а најмалку 96 беа повредени, продолжи да се движи кон североисточниот дел на земјата.
Бројот на жртвите го соопшти јапонската телевизија NHK, пренесува HINA. Ова е десетти тајфун оваа сезона во земјава.
Flooding in Ninomiya in Japan due to heavy rain from typhoon Shanshan…..pic.twitter.com/g6SvGewy1i
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) August 30, 2024
Иако временскиот фронт е ослабен откако вчера рано наутро тајфунот го погоди Кјушу, југозападниот јапонски Голем остров, тој продолжи да минува низ големи делови од земјата со обилни врнежи од дожд.
Следеа поплави и причинета е штета, а сообраќајот беше сериозно во прекин.
Јапонските метеоролошки власти ги повикаа жителите да бидат исклучително внимателни поради зголемениот ризик од лизгање на земјиштето и поплави. Три лица загинаа во лизгање на земјиште во централниот регион Аичи.
Во Токушима на Шикоку, најмалиот од четирите главни јапонски острови, 80-годишен маж загина кога се урна покривот на неговата куќа, објави NHK.
Typhoon Shanshan hits Japan, The Japan Times
The storm left 255,000 homes without electricity, forced authorities to evacuate millions of residents, and airlines canceled nearly 800 flights.
The natural disaster also forced the closure of major factories, including automakers… pic.twitter.com/kCJ7sun4JE
— Trending News (@Trend_War_Newss) August 29, 2024