Атентаторот на Трамп со месеци барал мета, се уште не е јасно кој бил неговиот мотив

Сподели со своите пријатели

Вооружениот напаѓач на Доналд Трамп континуирано барал голем собир за да нападне пред да пука во републиканскиот кандидат на митинг во Батлер, Пенсилванија, изјавија претставници на ФБИ.

Loading...

Гласот на Америка известува дека, според нивните тврдења, 20-годишниот атентатор Томас Крукс барал на интернет 60 пати повеќе информации за Трамп отколку за неговиот ривал Џо Бајден, пред да оди на митингот на Трамп.

„Видовме дека има систематски обид да се планира напад на голем собир, дека напаѓачот пребарал голем број големи настани и цели“, изјави агентот на ФБИ од Пенсилванија, Кевин Ројак.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нова книга открива како Бајден ја запрел украинската офанзива

Тој додаде дека Крукс бил „хипер-фокусиран“ на митингот на Трамп кога било најавено дека ќе се одржи на почетокот на јули и дека го гледал како можност за напад.

ФБИ, сепак, не можеше да го утврди мотивот.

Активностите на Крукс на интернет покажале дека тој е заинтересиран за мешавина на идеологии, но не било јасно дали е мотивиран од левицата или од десницата, додаде Розек.

ФБИ исто така соопшти дека не се пронајдени докази кои укажуваат на тоа дека Крукс има соучесници или дека зад него стои странска земја.

Во неговото тело не се пронајдени траги од алкохол или дрога.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стив Бенон за Трамп: Следниот понеделник започнуваат деновите на грмотевици

Обидот за атентат покрена прашања за тоа како Крукс успеал да се качи на покривот толку блиску до бината каде што стоел Трамп и да испука осум куршуми кон поранешниот претседател, пред да биде убиен од Тајната служба.

Во моментов има неколку владини и конгресни истраги за нарушувања на безбедноста.

ФБИ истовремено истражува се што е поврзано со Крукс. Засега се собрани информации кои укажуваат на тоа како размислувал, иако се уште не се знае што точно го мотивирало да го изврши атентатот.

Крукс почна да пребарува на Интернет за информации за митинзите на Трамп веќе во септември минатата година, додека во април оваа година бараше митинзи на двајцата кандидати во близина на местото каде што живееше, во Пенсилванија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Песков: Постои само техничко ниво на комуникација меѓу Русија и Америка

Тој побара и информации за датумите на конвенциите на Демократската и Републиканската партија.

Неколку дена пред атентатот на 13 јули тој побарал информации за локацијата на собирот и детали за фирмата во чија сопственост е зградата од која пукал. Видео снимката покажува дека Крукс поминал шест минути на покривот.

Тој оставил неколку експлозивни направи во својот автомобил, а информации за тоа како се прават бомби барал уште во 2019 година.