УХМР најавува период на нестабилно време

Сподели со своите пријатели

Под влијание на циклонска активност од исток, следува период кога во попладневните и вечерните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Особено поинтензивни процесите ќе бидат во четврток и петок кога на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Попладне во северните планински подрачја ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец чувал елени во својата штала. Доби кривична пријава

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне од 30 до 36 степени.