Мотоциклист од Куманово тешко повреден откако излетал од патот

Сподели со своите пријатели

Триесет и шестгодишен мотоциклист од Куманово бил тешко повреден откако со својот мотор излетал надвор од коловозот.

Loading...

– На 25.08.2024 во 22.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат кој води за с.Речица, кумановско, мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од Ф.Н.(36) од Куманово, излетал надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски учествуваше на меѓународниот саем за вино, храна, ракија и туризам (ФОТО)