Мотор излетал кај Стража, повредени двајца кумановци

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово биле тешко повредени, откако моторот на кој се превезувале излетал од патот Гостивар – Стража.

Loading...

– На 24.08.2024 околу 10.00 часот во полициска станица Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Стража во близина на с. Ново Село од патот излетал мотор „сузуки“ со кумановски регистерски ознаки, управуван од С.С. (30) и сопатничка М.Т. (23), двајцата од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од МВР, двајцата се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Исчезнат жител на Младо Нагоричане

Никола Ивановски