Секој од нас се сеќава на некој сон што ни оставил силен впечаток, без разлика дали бил добар или лош.
Сонувате некое идно случување или убав настан во кој уживате, но пред самото „големо финале“ се будите.
Соништата со многу детали, во кои толку уживате се нарекуваат луцидни сонови.
При сонувањето на луциден сон ние сме свесни дека сонуваме, дури и можеме на свесен начин да влијаеме на настаните кои ги сонуваме.
Неизбежно е дека во некој момент можеме да се разбудиме од секој сон. Меѓутоа, експертите се заинтересирани да откријат дали будењето навистина настапува пред некој очекуван момент во сонот или само така нам ни изгледа.
Во РЕМ фазата од сонот. Тие сништа се долги и убави и мора да останат во нашето сеќавање кога ќе се разбудиме. Меѓутоа, истражувањата покажале дека сништата можат да бидат и во во НеРЕМ фазата (фаза во која очите не прават брзи движења), но и дека тој сон нема да биде запаметен.
Со други зборови, сонот кој останал во вашето сеќавање по будењето и ви делува недовршено, не е последен кој сте го сонувале.
Иако вам ви изгледа дека сонот прекинал пред неколку моменти, тоа всушност било само крај на РЕМ фазата.