Убиец осомничен за убиство на 42 жени побегнал од затвор во Кенија

Сподели со своите пријатели

33-годишен убиец за кој полицијата вели дека признал дека убил 42 жени, побегнал од затвор во Кенија.

Loading...

Тој е приведен поради откривање на распарчени тела во кенискиот главен град Најроби, пишува Sky News.

Колинс Џумаиси Калуша е задржан во полициска станица во Најроби, откако судот им дозволи на детективите уште седум дена да ги истражат неговите наводни злосторства пред да го обвинат.

Утринава Калуша побегна со уште 12 затвореници откако ја пресекле жичената мрежа во ќелиите и се качиле на ѕидот што го оградува затворот.

„Ова беше осомничен со висока вредност, кој требаше да се соочи со сериозни обвиненија. Ние го истражуваме инцидентот и ќе преземеме соодветни мерки“, рече Мохамед Амин, шеф на Дирекцијата за криминални истраги, пренесува Sky News.

Калуша беше уапсен во јули откако беа пронајдени 10 тела и неколку делови од тела завиткани во пластични кеси во областа Квер во Најроби.

Адвокатот на Калуша им кажа на новинарите дека неговиот клиент бил мачен и принуден да признае и тврди дека е невин.

Другите двајца осомничени кои беа уапсени откако кај нив биле пронајдени мобилните телефони на дел од починатите жени, следниот понеделник ќе бидат изведени пред суд.

Loading...