Четириест и тригодишен кумановец бил приведен вчера откако се обидел да размени лажна банкнота од 100 евра.
– На 14.08.2024 во 16.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Н.(43) од село Лопате, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, тој се сомничи дека на 13.08.2024 во казино на плоштад „Нова Југославија“ во Куманово се обидел да размени фалсификувана банкнота од 100 евра.
– Исто така, по преземени мерки било утврдено дека А.Н. пред десет дена во истото казино пуштил во оптег три фалсификувани банкноти од 100 евра, велат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Тој бил приведен во полициска станица, и како што стои во соопштението, по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски