Четворица цивили се повредени денеска во напад на украинско беспилотно летало врз градот Шебекино во руската област Белгород, соопшти регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.
Loading...
„Градот Шебекино беше нападнат со беспилотни летала на украинските вооружени сили. Четворица цивили се повредени, меѓу кои и двајца работници за итна помош“, напиша тој на својот канал Телеграм, пренесува Таш.
Претходно руското Министерство за одбрана соопшти дека руските системи за противвоздушна одбрана собориле два украински беспилотни летала во текот на ноќта и рано утринава.