Педесет и деветгодишен кумановец бил приведен вчеравечер откако со огнено оружје му се заканувал на својот внук.
Loading...
– На 13.08.2024 во 22.15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д. (59) од Куманово затоа што со огнено оружје му се заканувал на неговиот внук, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од кумановската полиција, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски