Малолетник од Куманово повикувал врсници на полови односи па им се заканувал

Сподели со своите пријатели

Малолетник од Куманово повикувал двајца врсници на полови односи, а потоа им се заканил со остар предмет да не кажуваат дома.

Loading...

– На 12.08.2024 околу 11.15 часот во СВР Куманово, 45 – годишник од Куманово пријавил дека на 06.08.2024 во близина на неговиот дом, негов малолетен сосед се заканувал на неговиот малолетен син и негов малолетен другар и ги повикувал на полови односи, а откако успеале да побегнат им се заканил со остар предмет да не кажуваат дома, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што додаваат од кумановската полиција, за настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Исчезнат жител на Младо Нагоричане

Никола Ивановски