Државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин, го повика Иран „со сите средства“ да се воздржи од поттикнување конфликт на Блискиот Исток и да прифати дијалог, преговори и мир.
Loading...
Во телефонски разговор со новиот претседател на Иран, Масуд Пезешкијан, Паролин ја изразил сериозната загриженост на Светата столица за она што се случува на Блискиот Исток, соопшти Ватикан, а пренесува АП.
Државниот секретар на Ватикан повтори дека е неопходно да се избегне ширење на конфликти и да се даде приоритет на дијалогот, преговорите и мирот, пренесува Танјуг.