Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка кај браната во Липково

Сподели со своите пријатели

Триесет и двегодишен мотоциклист од липковското село Матејче бил тешко повреден во сообраќајка на патот кон браната.

Loading...

– На 10.08.2024 година во 18.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат од браната „Липково“ кон центарот на селото Липково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Шкода“ со косовски национални ознаки, управувано од Б.Б.(47) од Косово и мотоцикл „Хонда“ без регистарски ознаки, управуван од Ш.Б.(32) од село Матејче, општина Липково, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уапсен Косовец кој шверцал мигранти низ кумановско

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски