Што откри австриската полиција во куќата на осомниченот терорист по потекло од Македонија?

Сподели со своите пријатели

При претресот на куќата на осомничениот 19-годишник со потекло од Македонија кој планирал да изврши терористички напад на концертот на Тејлор Свифт во Виена, во градот Терниц во близина на границата со Унгарија, полицијата пронашла докази за „конкретни подготвителни дејствија“, рече генералниот директор за јавна безбедност на Австрија, Франк Руф, додавајќи дека се одземени хемиски супстанции и технички средства.

Loading...

Весникот „Курир“ цитира извори блиски до истрагата дека осомничениот украл хемикалии од неговото работно место и направил бомба.

Според нивното пишување, 19-годишникот планирал да се забие со својот автомобил во толпата која требало да се собере пред стадионот за концертот, а наводно размислувал да употреби мачети и ножеви.

Шеесет домаќинства се евакуирани поради претрес на просторот околу куќата на осомничениот.

Осомничените тинејџери биле радикализирани на интернет, соопшти полицијата, истакнувајќи дека 19-годишникот му ветил верност на новиот лидер на Исламската држава минатиот месец.

Полицијата укажа и на улогата што ја одиграле социјалните мрежи во процесот, како и во планирањето на нападот.

„Комуникацијата со сторителите обично се одвива во шифрирана форма“, со цел да се сокријат разговорите од рутински антитерористички надзор, им рече Руф на новинарите.