Рекордни јулски температури во Јапонија, 120 луѓе загинаа во Токио

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 120 луѓе починаа од топлотен удар во Токио во јули, соопштија во вторникот јапонските власти. Просечната температура во земјата достигна рекордно високо ниво, а предупредувањата за топлина беа во сила поголемиот дел од месецот.

Според здравствените власти во Токио, многу од 123 загинати биле постари лица. Сите, освен две лица, биле пронајдени мртви во затворен простор, а повеќето не користеле климатизери и покрај тоа што ги поставиле.

Јапонските здравствени власти и метеоролозите постојано ги советуваа луѓето да останат во затворени простории, да пијат доволно течности за да избегнат дехидрација и да користат климатизери, бидејќи постарите луѓе често мислат дека климатизацијата е лоша за нивното здравје и избегнуваат да ја вклучуваат, пишува Euronews.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Севернокорејски војник уапсен откако се обидел да побегне во Јужна Кореја

Најтоплиот јули

Тоа беше најголем број смртни случаи од топлотен удар во 23 метрополитенски области на Токио во јули, откако беа регистрирани 127 смртни случаи за време на топлотниот бран во 2018 година, соопшти канцеларијата на медицинските власти.

Повеќе од 37.000 луѓе биле лекувани во болниците поради проблеми поврзани со топлотен удар низ Јапонија од 1 до 28 јули, според Агенцијата за управување со пожари и катастрофи.

Просечната јулска температура беше за 2,16 степени целзиусови повисока од 30-годишниот просек, што го прави најтоплиот јули откако Јапонската метеоролошка агенција почна да води евиденција во 1898 година.

Предупредувањата за високи температури беа во сила во поголемиот дел од Токио и западна Јапонија во вторникот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трошоците за Брегзит до 2035 година ќе бидат 311 милијарди фунти

Температурата се искачи на околу 34 степени Целзиусови во центарот на Токио, каде што многу луѓе носеа чадори или рачни вентилатори.

„Секоја година чувствувам дека жешката сезона станува подолга. Климата ја имам постојано вклучена, вклучена е дури и кога спијам. Се трудам да не излегувам надвор”, вели Хидехиро Такано од Кјото.

Максим Пикаве, француски турист, покажа пренослив вентилатор што го купил во Токио.

„Работи многу, многу добро. Со оваа температура, тоа е задолжително“, рече тој.

Метеоролошката канцеларија прогнозираше поголема топлина во август, со температури од 35 или повеќе степени.

„Внимавајте на температурните прогнози и предупредувањата за топлотен удар и преземете соодветни мерки на претпазливост“, се вели во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што е „омега блокада“? Феноменот што летово ја претвора Европа во „рерна“?