Катастрофални последици: Глечер во Швајцарија станал непрепознатлив за 15 години (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Англискиот програмер Данкан Портер објави на интернет фотографии „Х“ со неговата сопруга Хелен, направени на истото место на швајцарските Алпи со разлика од 15 години, покажувајќи колку брзо се топат глечерите поради глобалното затоплување.

Loading...

Портер објави фотографии направени на глечерот Рона во август 2009 година и во август 2024 година, кои покажуваат дека глечерот во тој период се намалил за околу една четвртина, пишува Гардијан.

Двојката Портер се врати на локацијата за да ги покаже своите ќерки, Мејзи и Емили, глечерот.

„Но, очигледно околностите драматично се променија. Навистина неверојатно“, рече Портер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маж во Јапонија повреден кога го нападнала мечка која влегла во продавница

Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) процени дека, во најлошото сценарио на глобалното затоплување, речиси целата глечерска маса ќе исчезне во наредните векови во централна Европа, Кавказ, западна Канада и САД, како и во северна Азија, Скандинавија и Нов Зеланд.

„Тоа беше многу импресивен глечер. Тажно е да се видат тие слики, бидејќи можеме да видиме колку се големи промените“, рече швајцарскиот научник за клима и коавтор на извештајот на IPCC, Соња Сеневиратне.

Објавата со фотографии од глечерот е прегледана три милиони пати.

 

Loading...