Две лица викендов украле автомобил од пред викенд куќа во Скачковце, за да во селото Пезово подоцна ограбат 84-годишник.
– На 03.08.2024 во 08.00 часот во Куманово полициски службеници го лишиле од слобода Н.З.(58) од Куманово поради тоа што околу 06.30 часот на автобуска постојка во с.Пезово, со уште едно женско лице со употреба на физичка сила од С.П.(84) од с.Пезово, кумановско, одзеле пари и го напуштиле местото на настанот со патничко возило „форд галакси“ со кумановски регистарски ознаки, кое на 02.08.2024 околу 16.30 часот го одзеле пред викенд куќа во с.Скачковце, кумановско, сопственост на Ј.М.(47) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, возилото и дел од одземените предмети со потврда се вратени на оштетените.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Никола Ивановски