Две лица од Куманово биле приведени поради агресивно однесување кон полициски службеници кои ги попречувале во вршење на работата.
Loading...
– На 31.07.2024 во 15.10 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги привеле К.И.(30) и Б.И.(53) и двајцата од Куманово, затоа што се однесувале агресивно и попречувале полициски службеници при вршење службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски