Изгаснати сите пожари во Куманово

Сподели со своите пријатели

Кумановските пожарникари со голема повеќедневна интервенција успешно ги изгаснаа сите пожари и утринава нема ниту еден активен.

Loading...

Како што информираше командирот на Територијалната противпожарна единица Куманово, Деан Илиевски, сите пожари се ликвидирани.

– Моментално во Куманово нема активни пожари. Контактирано е и со месното население во село Кокошиње, селото е безбедно, така да во моментот нема активни пожари на територијата на Општина Куманово до сношти сите пожари се ликвидирани. Изгансато е и во Живиње, екипите се повлекоа од терен, изјави командирот.

Како што информираа од Региналниот центар за управување со кризи, во селата К’шање и Кокошиње вчера горела запалена сува трева, ниска деградирана шума на поголема површина.

Интервенирале осум пожарникари со две противпожарни возила, а подоцна им се приклучила уште една екипа.

Но, тоа не била единствената интервенција вчера за кумановските пожарникари.

Во атарот на липковското село Лојане од 11:20 до 11:50 часот било интервенирано на запалена сува трева.

Во близина на Винарска визба исто така горела сува трева, каде интервенирале тројца пожарникари во период од 13:30 до 14:20 часот.

Loading...

Во селото Живиње околу 14:30 часот почнале да горат стрниште и запалена сува трева. На терен излегле тројца пожарникари и пожарот го изгаснале дури во 19:35 часот.

Пожар имало и во липковско Ваксинце каде горела сува трева. Таму во период од 15:30 до 16:10 часот интервенирале двајца пожарникари.

Кај месноста Врело, исто така во село Ваксинце, избувнал друг пожар, при што пожарникарите интервенирале до 17:50 часот.

Никола Ивановски